УКИНАТА АПЛИКАЦИЈАТА „КУРАН МАЏИД“ ВО КИНА Ширела нелегални верски текстови на милиони муслимани
Друга популарна верска апликација, христијанската „Маслиново дрво“, исто така беше симната оваа недела во Кина. Компанијата за Би-Би-Си изјави дека сами ја отстраниле апликацијата, а дека сè уште чекаат дозвола од кинеската влада за ширење на библиските идеи.
Епл ја укина една од најпопуларните апликации за Куран во светот во Кина, по барање на државни службеници. „Куран Маџид“ е апликација достапна низ целиот свет на Епл Стор, а ја користат 35 милиони муслимани, а отстранета е поради сместување нелегални верски текстови, пишува Би-Би-Си.
Сепак, кинеската влада не одговорила на барањето на Би-Би-Си за коментар. Тоа што е познато е дека бришењето на апликацијата прво беше забележано од Епл Цензура, веб-страница што ги следи апликациите на Епл Стор на Епл на глобално ниво.
„Се обидуваме да стапиме во контакт со администрацијата на Кина и релевантните кинески власти за да го решиме ова прашање“, стои во соопштение на ПДМС, авторот на апликацијата.
#Apple removes Quran Majeed from #China AppStore over official request. pic.twitter.com/NEdv50ENXW
— EHA News (@eha_news) October 15, 2021
„Куран Маџид“ има близу еден милион корисници во Кина, откако кинеската коунистичка партија официјално го призна исламот како религија во земјата. Сепак денес, Кина сè уште е обвинета за кршење на човековите права, па дури и за геноцид, врз муслиманската ујгурска етничка група во Ксинџијанг.
Кина е еден од најголемите пазари на Епл и синџирот на снабдување на компанијата во голема мера зависи од кинеското производство. Извршниот директор на Епл, Тим Кук беше обвинет за лицемерие од политичарите во САД затоа што зборуваше за американската политика, но молчеше за Кина.
Наводно, Кук се придржувал кон кинеската влада поради цензура и не ја критикувал јавно за нејзиниот однос кон муслиманските малцинства.
Друга популарна верска апликација, христијанската „Маслиново дрво“, исто така беше симната оваа недела во Кина. Компанијата за Би-Би-Си изјави дека сами ја отстраниле апликацијата, а дека сè уште чекаат дозвола од кинеската влада за ширење на библиските идеи.