Ѓукановиќ го потпиша Законот за слобода на вероисповед

Тој додаде дека како претседател, според Уставот, е должен да го прогласи повторно изгласаниот закон и дека „нема простор за поинакво уставно постапување“.

210

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска потпиша указ за прогласување на Законот за слобода на вероисповед и други закони, кои минатата недела беа повторно усвоени од Црногорскиот парламент.

– Ги потпишав Указите за прогласување закони откако Парламентот повторно ги изгласа на 20 јануари 2021 година. Дилемите што ги имав и поради кои ги вратив во Собранието за нова одлука остануваат – напиша Ѓукановиќ на Твитер.






Тој додаде дека како претседател, според Уставот, е должен да го прогласи повторно изгласаниот закон и дека „нема простор за поинакво уставно постапување“.

На седницата на 20 јануари, Собранието повторно ги усвои измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед и неколку други закони за кои првично се гласаше на седницата на 29 декември, но Ѓукановиќ потоа ги врати во Собранието на повторно одлучување.

Поврзани содржини