Ѓукановиќ: Ќе ја победиме СПЦ на избори!
Тој истакнал дека СПЦ одлучила да разговара од позиција на политички субјект.
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја обвини Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора дека нејзината цел не е промената на спорните членови од Законот за слобода на вероисповед, туку промена на власта на претстојните парламентарни избори.
– Со тоа би сакале да ги исполнат и другите свои желби. Мислам дека не избраа паметно. Попаметно би било да го остават прашањето за односот помеѓу државата и црквата надвор од дневната политика – рекол црногорскиот претседател на прес-конференција во Подгорица.
Тој истакнал дека СПЦ одлучила да разговара од позиција на политички субјект.
– СПЦ ги симна ракавиците и одлучи да разговара од позиција на политички субјект, наведувајќи ги верниците за кого да гласаат, манипулирајќи со верските чувства на луѓето. Целта на СПЦ е промена на власта во Црна Гора. Но, Демократската партија на социјалистите има јасна задача, а тоа е да ја победи СПЦ на изборите. Сите се лажат дека литиите можат да ги загрозат темелните вредности на нашето друштво – рекол Ѓукановиќ.