УХМР ПРЕДУПРЕДУВА, ДОАЃААТ ГРОМОВИ, ДОЖД И ГРАД За попладне се најавува невреме, нестабилно ќе биде до петок

Од УХРМ информираат дека граѓаните треба да бидат повнимателни во случај на електрични празнења и дека не се препорачува престој на отворено, особено не под осамени дрвја и метални конструкции.

2,615

Од денеска па сè до петок, во попладневните и вечерните часови се очекува нестабилно време на повеќе места низ државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најавени се пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и услови за невреме со изолирана појава на град.

Во Скопје денеска попладне, особено во делови од котлината, ќе има појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.






– Граѓаните треба да бидат повнимателни во случај на електрични празнења, не се препорачува престој на отворено, особено не под осамени дрвја и метални конструкции – информираат од УХМР.

Во четврток времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе се појави изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слична временска слика ќе има и во Скопје.

Петок ќе донесе повторна промена, се очекува сончево и топло утро, но попладне повторно ќе се развие нестабилна облачност, со локални врнежи и услови за невреме. Можни се и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Од УХМР апелираат граѓаните редовно да ги следат метео-известувањата и да ги почитуваат препораките.

– Секојдневно ќе ја ажурираме прогнозата на нашата веб-страница и профилите на социјалните мрежи. Во случај на влошување, навремено ќе биде издадено предупредување – додаваат од Управата.

Во текот на викендот, времето ќе биде стабилно, малку посвежо, со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на температурите.

Поврзани содржини