УХМР НАЈАВУВА НЕВРЕМЕ СО ГРАД Високи температури и изолирани поројни дождови и грмежи низ Македонија
Следните денови носат променливо време, со изолирани поројни дождови, грмежи и услови за локално невреме, особено попладне и на почетокот од новата седмица.
За утре метеоролозите велат дека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне ќе се појави услов за изолирана нестабилност. На повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи, а на некои локации е можно и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните ќе достигнат 29 до 36 степени, што ќе донесе топли, но променливи денови.
Во Скопје, утрешниот ден ќе започне со променливо облачно време и сончеви периоди, со минимална температура од 18 степени и максимална до 36 степени. Ветровите ќе дуваат слаб до умерен од северен и североисточен правец.
Од УХМР предупредуваат дека особено во недела попладне и во првите два дена од новата седмица, нестабилноста ќе биде забележлива на повеќе места, со пороен дожд, грмежи и можност за засилен ветер. Метеоролозите советуваат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат локалните известувања за евентуални промени во временските услови.