УХМР ИЗДАДЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Во текот на ноќта може да дојде до излевање на реките и појава на свлечишта и одрони
Според метереолошките показатели, врнежи ќе има на целата територија на Македонија. Поголема внимателност генерално е потребна на западот, југозападот, северот, североистокот и истокот на Македонија, како и во одредени централни делови од државата.
Според најавата од синоптичарите, во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија од Македонија. На одредени места врнежите се очекува да бидат и над 40mm. Доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациони води можна е појава на локални комунални проблеми – предупредуваат од УХМР
Според метереолошките показатели, врнежи ќе има на целата територија на Македонија. Поголема внимателност генерално е потребна на западот, југозападот, северот, североистокот и истокот на Македонија, како и во одредени централни делови од државата.
Други модели покажуваат големи врнежи на западот и на истокот на државата и врнежи со поголем интензитет во одредени делови на истокот на Македонија,
Генерално водотеците низ Македонија се со ниски и подпросечни протекувања за овој дел од годината, но секако треба да се внимава кај помалите водотеци во регионите со поинтензивни врнежи.
Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта.