„УХЛЕБУВАЊЕТО“ НА НАСТАВНИЧКАТA ОД СДСМ БИЛО ТРАМПАНО СО ЕЈУПИ ВО МНР? Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ обвинува за меѓупартиски договор во власта
Антимакедонската СДС мора да одговори дали работното место во АЕК со плата од 55.000 денари било претходно поделено да припадне за партиски кадар на антимакедонската СДС во замена за вработувањето од ДУИ во МНР? Во исто време, неопходен е директен одговор, дали Бесмира Ејупи ќе биде испратена наскоро во некоја дипломатска мисија? Дали сето ова е последица на ухлебувањето на буџетски пари со полнење и партизирање на администрацијата?, праша Наум Стоилковски на денешната пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ.
Наставничката од средното медицинско училиште која стана соработник за информатички технологии во АЕК, а за која се шпекулираше дека била кадар на СДСМ, била дел од меѓупартиски договор, каде за возврат во МНР бил вработен кадар на ДУИ, обвинува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски алудира на младата Бесмира Ејупи, чие вработување ја крена јавноста на нозе.
– Антимакедонската СДС мора да одговори дали работното место во АЕК со плата од 55.000 денари било претходно поделено да припадне за партиски кадар на антимакедонската СДС во замена за вработувањето од ДУИ во МНР? Во исто време, неопходен е директен одговор, дали Бесмира Ејупи ќе биде испратена наскоро во некоја дипломатска мисија? Дали сето ова е последица на ухлебувањето на буџетски пари со полнење и партизирање на администрацијата? – праша Наум Стоилковски на денешната пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ.