УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ЗА ЕДНА ГОДИНА ПОСКАПЕЛЕ ЗА 6% Најмногу поскапеле ноќевањата и безалкохолните пијалаци
Во февруари, во споредба со јануари годинава, пак, поскапувањето изнесува 0,4 %
Угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, се поскапени за 5,9 %, соопшти Државниот завод за статистика
Во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, цените на угостителските услуги се зголемени за за 6%.
За период од една година најмногу поскапеле ноќевањата за 22,6%, потоа безалкохолните пијалаци за 4,3%, алкохолот за 2,8%, додека храната поскапела за 2%.
Во февруари, во споредба со јануари годинава, пак, поскапувањето изнесува 0,4 %