Угостителските објекти да работат до 21 часот, предлага Комисијата за заразни болести

309

Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата работното време на угостителските објекти да се ограничи до 21 часот.

– Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе предложат нова мерка до Владата на Република Северна Македонија, угостителските објекти да работат во 21 часот. Оваа предлог мерка ќе биде разгледана на владина седница за нејзино усвојување со цел спречување од понатамошно ширење на ковид-19 – се вели во одговорот што МИА го побара од ресорното Министерство.






Досега, работното време на угостителските објекти со владините мерки беше ограничено до 23 часот.

Поврзани содржини