УГОСТИТЕЛИТЕ ВО КОЧАНИ ИМААТ 30 ДЕНА ДА ГИ ПРИЛАГОДАТ ОБЈЕКТИТЕ Во спротивно објектите ќе бидат срушени
Од наша страна ќе им дадеме 30 дена период за кој корисниците на јавните површини треба да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните одобренија, а ако не ги отстранат ќе дојде до насилно рушење што ќе претставува дополнителен трошок за нив, посочи в.д. градончалникот на Кочани.
Венко Крстевски, в.д. градоначалникот на Кочани, се сретна со сопственици на угостителски објекти и корисници на јавни површини. На средбата учествуваа и инспектори од Општината, ТППЕ – Кочани и Струмица.
Крстевски најави тендер за избор на фирма што ќе ги отстранува нелегалните објекти.
– Од наша страна ќе им дадеме 30 дена период за кој корисниците на јавните површини треба да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните одобренија, а ако не ги отстранат ќе дојде до насилно рушење што ќе претставува дополнителен трошок за нив – посочи Крстевски.
Угостителите се пожалија дека со години работат по ист принцип со дозвола од поранешни власти, и редовно ги подмируваат обврските кон државата и Општината.
Целта на отстранувањето е да овозможи побрз пристап за пожарникари, брза помош и полиција.