Угостителите „рокнаа“ гласна музика, бараат да им се слушне гласот

Како што објави Сител, целта на ваквиот потег е да им покажат на надлежните дека тие постојат и оти треба да работат според протокол по кој може сите да се придружат.

683

Угостителите во земјава бараат поскоро отворање на објектите, а во знак на револт тие денеска одлучија да пуштат гласна музика од 12 часот до 18 часот.

Како што објави Сител, целта на ваквиот потег е да им покажат на надлежните дека тие постојат и оти треба да работат според протокол по кој може сите да се придружат.






Премиерот Оливер Спасовски, пак, уверува дека во изминатиот период државата најмногу внимавала токму на угостителите.

– Дали ќе пуштаат музика или не, знаеме дека постојат затоа што тие се тие кои добија и минимални плати, исплатени придонеси и тоа покажува дека државата најмногу внимавала на угостителите – рече Спасовски.

Поврзани содржини