Угостителите и владата ги расчистија дилемите во прилог на работниците
Со угостителите е договорено тие нивните предлози да ги достават до понеделник, а веќе во вторник ќе се расправа за нив.
Владата ги расчистени дилемите со угостителите околу користењето на мерките за ублажување на ударот од кризата, соопштија денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бактеши по средбата со претставници на Туристичко-угостителската комора на Сојузот на стопански комори. Дополнителните предлози на угостителите ќе бидат разгледани во вторник и доколку бидат прифатени од владата ќе бидат вметнати во новите мерки.
– Владата ги увиде пропустите и ги коригира и направи измени на уредбите. Прифатена е критиката дека малите и микро компании не можат да ги користат парите од мерките бидејќи имаат само управител и заменик управител и тоа е решено. Разговаравме за нови мерки како и на темата да се прилагодуваме за времето кога ќе почне состојбата да се опоравува и да се нормализира работењето на стопанството – рече Ангеловска.
Таа рече дека со здравствените власти и угостителите ќе треба да направат мерки кога ќе се опоравува стоипанството како да функционираат угостителите.
Бектеши соопшти дека со угостителите е договорено тие нивните предлози да ги достават до понеделник, а веќе во вторник ќе се расправа за нив.
– Ќе ги разговараме предлозите и откако ќе бидат испеглани предлозите ќе ги објавиме предлозите кои се прифатени – рече Бектеши.
Мартин Ангелоски од туристичко угостителската комора рече дека состанокот бил е конструктивцен и дал позитивни резултати.
– Во делот за новите уредби покажан е позитивен чекор за решавање на работите на кои укажувавме и ги доставивме нашите предлози. На прво место ек као да се задржат вработените и да успееме да добиеме најмногу пари за нив целиот процес да оди во позитивна насока. Има уште предлози за кои треба да се разговара – рече Ангелоски.
Тој соопшти дека едно од нивните барања за кое ќе се разговара во вторник е обезбедувањето пари за минимална бруто плати за вработените во секторот како се бара и толкување на примената на делот виша сила во Законот за работни односи.