Угостителите и трговците викендот ги прекршиле и здравствените протоколи и законите

Во неделата, 11 октомври, и вчера, Инспекторатот констатира намалување на неправилности.

491

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера изврши девет надзори и 124 контроли во трговски објекти во повеќе градови низ земјава, како и 93 контроли во угостителски објекти. Приота е изречена една мерка во трговски објект во Струга согласно Уредбата за примена на Законот за трговија за што следи прекршочна постапка. Во останатите градови не се констатирани неправилности по посочените закони и протоколи.

За време на продолжениот викенд, инспекторите извршиле вкупно 1.366 контроли и 104 надзори во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, здравствените протоколи, Законот за угостителска дејност, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија и Закон за заштита на потрошувачи.






Најмногу неправилности се констатирани во саботата, на 10 октомври, за кои ќе бидат поднесени 12 кривични пријави и четири прекршочни пријави за угостителски објекти кои ги прекршиле здравствените протоколи и изречени се 9 мерки за прекршување на законите за трговија и за потрошувачи.

Во неделата, 11 октомври, и вчера, Инспекторатот констатира намалување на неправилности.

Изречени ќе бидат вкупно 15 кривични пријави на угостителски објекти за прекршување на здравствените протоколи и четири прекршочни пријави за непочитување на работно време, забрана за пушење цигари и затекнати нерегистрирани објекти и една мерка за непостапување по издадено решение за привремена забрана за вршење дејност.

Во делот на Законите за трговија и за заштита на потрошувачите, во истиот период се изречени 10 мерки за прекршување на овие два закона и констатирани се пет прекршоци на Законот за трговија.

 

Поврзани содржини