УГОСТИТЕЛИТЕ ДО НОВА ГОДИНА САМИ ЌЕ ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДАТ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ОТПАД Ѓорѓиевски најави дека нема да има толеранција
Тој истакна дека со потпишувањето на договорите меѓу угостителите и ЈП „Комунална хигиена“ јасно ќе бидат утврдени обврските на двете страни.
Угостителските објекти во Скопје до Нова година ќе треба сами да обезбедат контејнери за одлагање на отпад и да организираат негово редовно собирање. Толеранција нема да има, порача градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Тој истакна дека со потпишувањето на договорите меѓу угостителите и ЈП „Комунална хигиена“ јасно ќе бидат утврдени обврските на двете страни.
– Сите тие имаат дејност за која наплаќаат од граѓаните. Од друга страна, граѓаните си плаќаат за уредно да го одлагаат отпадот во контејнери. Не може некој да биде држен во сива зона – изјави Ѓорѓиевски.