Угостителите бараат протоколи за организирање свадби и други семејни прослави

На овој начин, велат тие, ќе се избегне организирање прослави во домашни услови кои не се безбедни.

515

Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска одржа состанок со Комисијата за заразни болести на која угостителите повторно ја искажаа неопходноста од донесување соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти.

Како што соопштија од ССК, донесувањето на протоколите е важно за да се спречи организирање прослави во домашни услови без соодветни безбедносни протоколи.






Подпретседателот на комората  Мартин Ангеловски смета дека ако Комисијата за заразни болести не донесе препораки за отворање, состојбата може да излезе вон контрола.

– Состојбата на сите економски оператори кои директно и индиректно, согласно природата на својата дејност, се поврзани со угостителските објекти како музичките уметници, фотографи, претпријатија за декорација, накит и голем број други, е крајно тешка и неизвесна. Доколку наскоро не почнат со работа, нема да издржат да опстојат на пазарот – рече Ангеловски.

Тој додаде дека  претпријатијата од оваа дејност се адаптираа на новите услови и сите се придржуваат на новиот начин на работа неопходен во услови на моменталната состојба.

 

Поврзани содржини