Југоносталгија

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

913

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 01.07.1998 година)

На по­че­то­кот од се­кој час по јо­га, во т.н. пси­хо­мен­тал­на под­го­тов­ка, прак­ти­кан­тот во се­бе си да­ва збор де­ка ќе мис­ли са­мо на она што го пра­ви и не­ма да доз­во­ли ни­ед­на дру­га мис­ла да му го од­вле­че вни­ма­ни­е­то од концен­тра­ци­ја­та врз из­ве­ду­ва­ње­то на веж­би­те.






Мо­јот по­след­ен час по јо­га се сов­пад­на со нат­пре­ва­рот Ју­гос­ла­ви­ја – Хо­лан­ди­ја. Ме­не ма­лу ме ин­те­ре­си­ра „вто­ра­та нај­важ­на ра­бо­та на све­тот”, па не ми пад­на на па­мет по­ра­ди фуд­ба­лот да го жрт­ву­ва­м ча­сот. То­а е ед­но, а со­се­ма дру­го – чо­век да го од­ржи ве­ту­ва­ње­то од по­че­то­кот на ча­сот и да не мис­ли на ниш­то (ос­вен на веж­ба­та што ја из­ве­ду­ва) ко­га, во еден миг, це­ло Таф­та­ли­џе (ка­де што се на­о­ѓа прос­то­рот во кој веж­ба­ме) се кре­на на но­га ис­пуш­тај­ќи ги­гат­ски из­ви­к на ра­дост, за­до­вол­ство, вис­тин­ска сре­ќа очиг­лед­но по­ра­ди го­лот на „на­ши­те”. Ов­де-он­де има­ше и по не­кој ре­вол­вер­ски ис­трел.

Низ свес­та ми прос­тру­и ед­на мис­ла – „ју­го­нос­тал­ги­ја”, заш­то не тре­ба­ше мно­гу за да се разбе­ре при­чи­на­та на на­род­но­то оду­ше­ву­ва­ње. Ча­сот бе­ше при крај, па та­ка од на­ру­ше­на­та концен­тра­ци­ја (се на­де­вам) не­ма­ше го­ле­ма ште­та.

„Ју­го­нос­тал­ги­ја” ми дој­де на па­мет и во врска со еден друг нас­тан: ми­на­ти­от чет­врток, со г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски, ка­ко први лу­ѓе на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, бев­ме на ТВ ВИС (ако не се ла­жам) во Стру­ми­ца, пак во вре­ме на не­как­ва пла­не­тар­но важ­на фуд­бал­ска сред­ба. Ни ре­ко­а де­ка та­а те­ле­ви­зи­ја би­ла „ко­му­нис­тич­ка”, а бев­ме по­ка­не­ти (ве­ро­јат­но) по­ра­ди ед­нов­ре­ме­ни­от пре­нос од фуд­бал­ско­то првен­ство: та­ка ем ти­е ќе би­да­т „де­мок­ра­ти” (ете, ка­на­т и ли­де­ри на опо­зи­ци­о­ни пар­тии!), ем ни­кој или (по­ра­ди фуд­ба­лот) ре­чи­си ни­кој не­ма да нè гле­да/слу­ша.

Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја очиг­лед­но не е ни­как­ва де­мок­рат­ска ал­тер­на­ти­ва за Ма­ке­до­ни­ја, но ни­е (за ина­ет!) оди­ме се­ко­гаш ко­га ќе нѐ по­ка­на­т во на­деж де­ка не­кој се­пак мо­же­би ќе нѐ гле­да. То­а се на­ши­те „три­би­ни”.

(Па­те­м ре­че­но, за три­би­ни­те, за ос­но­вач­ки­те сос­та­но­ци, за ТВ нас­та­пи­те на не­ко­и дру­ги  де­мок­рат­ски ал­тер­на­ти­ви ре­дов­но се из­вес­ту­ва на МР­ТВ-ата и во ор­га­ни­те на ССР­НМ, што са­мо по се­бе мош­не ре­чо­ви­то збо­ру­ва за нив, но и за ал­тер­на­тив­ни­те де­мок­ра­ти ка­ко так­ви. Нам, во ис­про­ба­ни­от по­ли­тич­ки ма­ни­р на нај­до­бри­от од си­те по­ре­до­ци на све­тот, глав­но не ни се спо­ме­ну­ва ни име­то. Неј­се! Мно­гу не се са­кал­ди­су­ва­ме: важ­но е што де­нес ве­ќе не се ор­га­ни­зи­ра­ат на­уч­ни со­би­ри или де­ба­ти на те­ма „идеј­но-по­ли­тич­ко­то од­не­су­ва­ње на дру­га­рот Еди Кој­си” со во­вед­ни из­ла­га­ња на ви­со­ки фун­кци­о­не­ри на Де­мок­рат­ска­та ал­тер­на­ти­ва. И то­а е нап­ре­док, ќе приз­на­е­те!)

Во раз­го­во­рот ме­не ми се от­ка­чи она за „ко­му­нис­тич­ка­та те­ле­ви­зи­ја”, на што на­ша­та шар­ман­тна во­ди­тел­ка бур­но ре­а­ги­ра­ше во смис­ла: кој ни го ре­кол тоа, ти­е не би­ле ни­как­ва „ко­му­нис­тич­ка те­ле­ви­зи­ја” итн. итн. Уште мо­рав да ѝ се из­ви­ну­вам, а ср­це­то ми се ис­пол­ни со при­јат­но чув­ство: штом лу­ѓе­то го до­жи­ву­ва­ат ка­ко нав­ре­да ква­ли­фи­ка­ти­вот „ко­му­нис­тич­ка те­ле­ви­зи­ја”, на СД­СМ очиг­лед­но му се бли­жи кра­јот.

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини