Угинати риби плутаат на површината на Велешко езеро, објави Дума.мк.
– Станува збор за угинати количини на подмладок на риби од овогодишниот мрест. Тие се забележани на потегот од пред рестораните „Брод Панини“ и „Глориус“ сѐ до браната на езерото. Ветрот ги носи и кон хотел „Романтик“. Во контакт сме со Општина Велес од каде по пријавата добивме првична информација за ангажирање на стручни лица кои ќе се вклучат за да се утврди причината на поморот – изјави Даниел Наумоски, претседател на здружението на спортски риболовци „Бабуна“ за Дума.мк