УГИНА НАЈСТАРИОТ БЕЛ НОСОРОГ Ноно Тоби ќе биде балсамиран и изложен во музејот во Тренто
Смртта на Тоби, по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012 година, ја остава „Парко натура вива“ само со еден бел носорог – Бено, кој има 39 години.
Најстариот бел носорог во светот угина на 54 години, во својата Зоолошка градина „Парко натура вива“ близу Верона, северна Италија.
– Ноно Тоби угина на 6 октомври. Тој се струполил одејќи кон своето ноќно засолниште, и по околу половина час неговото срце застана – изјави Елиса Ливија Пенакиони, претставничка на Зоолошката градина.
Тоби ќе биде балсамиран и изложен во Музејот за природни науки во Трентo, каде ќе му се придружи на бел лав од Зоолошката, кој угинал пред пет години.
– Белите носорози обично живеат до 40 години во кафез и до 30 години во дивината – вели Пенакиони.
Смртта на Тоби, по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012 година, ја остава „Парко натура вива“ само со еден бел носорог – Бено, кој има 39 години. Инаку, се работи за исклучително редок вид носорози.