УЕФА одлучи, Суперкупот ќе се игра пред публика

Натпреварот помеѓу шпанската Севиља (победник во Лига Европа) и Баерн Минхен (победник во Лигата на шампионите) ќе се одржи на 24 септември на стадионот „Ференц Пушкаш“.

254

УЕФА реши натпреварот во Суперкупот да се игра со ограничен број на гледачи. Трибините во Будимпешта ќе бидат исполнети со не повеќе од 30 проценти од капацитетот, се вели во соопштението на УЕФА.

Натпреварот помеѓу шпанската Севиља (победник во Лига Европа) и Баерн Минхен (победник во Лигата на шампионите) ќе се одржи на 24 септември на стадионот „Ференц Пушкаш“.






Овој натпревар може да биде прв на турнирите во организација на Европската фудбалска асоцијација по паузата поради коронавирус, на кој ќе се дозволи одреден број на навивачи на трибините.

Поврзани содржини