УЕФА ѝ нареди на Украина да гo смени дресот со мапа на Крим

471

Украинската репрезентација која ја предводи Андриј Шевченко ќе мора да направи промена во дизајнот на своите дресови за Европското првенство, бидејќи Русија протестираше за мапата која е исцртана на градите на украинските фудбалери, а на која се наоѓаат Крим, Донбас и Луганск.

Ваква наредба е издадена директно од УЕФА, а освен мапата, Украинците ќе мораат да го избришат и слоганот „Слава на хероите“, бидејќи токму тој слоган се користеше во мајданската револуција и во анти-руските протести во Украина, по што Крим беше анектиран и припоен кон Русија, а Донбас и Луганск се отцепија.

Поврзани содржини