УЕФА на чекор до укинување на правилото кое никој не го сакаше

Ова правило беше воведено за да се форсира напаѓачкиот фудбал и да стимулира повеќе погодоци на мечевите.

398

На утрешниот состанок на УЕФА, челниците на европската фудбалска куќа ќе разговараат за укинување на правилото за „гол на гости“, кое се користи во нокаут фазата од натпреварувањата.

Ова правило беше воведено за да се форсира напаѓачкиот фудбал и да стимулира повеќе погодоци на мечевите.






Сепак, фудбалот во последните десетина години е сосема променет, па многумина веруваат дека ова правило треба да замине во историјата, затоа што дава голема предност на гостите. Јувентус и Баерн Минхен оваа сезона испаднаа од ЛШ поради повеќе примени голови на свој терен, Тотенхем пред две години стигна до финалето на ЛШ благодарение на погодоците дадени на гостински терен кај Ајакс и Манчестер сити, а низ годините имаше многу вакви примери.

– Тоа правило веќе е застарено. Фудбалот многу се промени и сега погодокот на гости е многу голема предност. Едноставно голот на гости не треба да се вреднува „двојно – вели некогашниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега е дел од УЕФА.

Поврзани содржини