УЕФА ГО КАЗНИ МУРИЊО Долгиот јазик скапо го чинеше Португалецот

Португалскиот стратег за време на финалето во Лига Европа нервозно го коментираше судењето, а сè кулминираше на прес – конференцијата по натпреварот и потоа на паркингот пред стадионот Пушкаш во Будимпешта кога Мурињо со вулгарни зборови го нападна судијата Ентони Тејлор.

286

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, од УЕФА е суспендиран на четири натпревари во европските клупски натпреварувања поради навреди упатени кон судијата Ентони Тејлор по годинешното финале во Лига Европа.

Суспензијата е изречена откако УЕФА ја заврши интерната истрага поврзана со контроверзното финале во Лига Европа во кое Севиља на пенали ја совлада Рома, предводена од португалскиот тренер.






Португалскиот стратег за време на финалето нервозно го коментираше судењето, а сè кулминираше на прес – конференцијата по натпреварот и потоа на паркингот пред стадионот Пушкаш во Будимпешта кога Мурињо со вулгарни зборови го обвини Тејлор дека е главниот виновник за поразот на неговата екипа.

УЕФА, воедно, ја казни и Рома со 50.000 евра поради користење пиротехнички средства од нејзините навивачи, како и со дополнителни 5.000 евра поради непримерно однесување на фудбалерите на италијанскиот клуб.

Поврзани содржини