УЕФА: Гигантите ќе загубат осум милијарди евра

Големите финансиски загуби, како што објави УЕФА, се одразиле и на зимскиот преоден рок, при што потрошувачката на трансфер пазарот на играчи во јануари опаднала за 56 отсто во споредба со минатата година.

289

Водечките европски фудбалски клубови ќе загубат над осум милијарди евра поради пандемијата на коронавирус, се наведува во најновиот извештај на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Според извештајот, четири милијарди евра од минусот отпаѓаат на непродадени билети поради затворените стадиони, 2.7 милијарди евра од спонзорски договори, а 1.4 милијарди евра врз основа на нереализираниот приход од телевизиски права.






Големите финансиски загуби, како што објави УЕФА, се одразиле и на зимскиот преоден рок, при што потрошувачката на трансфер пазарот на играчи во јануари опаднала за 56 отсто во споредба со минатата година.

Летниот преоден рок забележал пад од 39 отсто во однос на една година претходно.

Поврзани содржини