УЕФА ЈА КАЗНИ БАРСЕЛОНА ПОРАДИ ДИВЕЕЊЕТО ВО МОНАКО На 6 ноември во Белград на стадионот ќе има само Звездаши
Казната ќе се афектуира на мечот кој ќе се одигра на 6 ноември во Белград, а тоа значи дека Звезда ќе ја има поддршката од скоро целото гледалиште, во обид да извлече историски резултат против гигантот од Шпанија.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) изрече казна за каталонскиот гигант, Барселона, а воедно доби и забрана за присуство на гостински навивачи на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда.
Дисциплинската комисија изрече казна поради инциденти на гостувањето кај Монако во Лигата на шампионите, по што изрече забрана за продажба на гостински билети за следното коло.
Казната се однесува на мечот кој ќе се одигра на 6 ноември во Белград, а тоа значи дека Звезда ќе ја има поддршката од скоро целото гледалиште, во обид да извлече историски резултат против гигантот од Шпанија.
Барселона исто така ќе плати казна во висина од 10.000 евра поради расистички и ксенофобични извици на навивачите. Лидерот во шпанската Примера ќе отпатува на тешко гостување кај нашиот северен сосед, но во секој случај е огромен фаворит за трите бода.