УДРИЛА ВО ВЕЛОСИПЕД, ПА ВО АВТОМОБИЛ И ЗАВРШИЛА ВО ДУЌАН Повредени две лица во несреќата кај Требош
Автомобилот по ударот продолжил и удрил во паркирано возило и деловен објект, повредени две лица, извршен увид од СВР Тетово.
На локалниот пат Тетово – село Требош вчера околу 17:10 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која повредени се две лица, информира СВР Тетово.
Патничко возило марка „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната Р.И. од село Ратае, прво удрило во велосипед управуван од 64-годишниот Р.Р. од село Требош.
Автомобилот по ударот продолжил и удрил во паркирано возило марка „Фиат“, сопственост на 60-годишниот А.И. од Тетово, а потоа и во деловен објект.
Како што информира полицијата, Р.И. се здобила со тешки телесни повреди, додека велосипедистот Р.Р. поминал со полесни повреди. И двајцата биле префрлени во Клиничката болница Тетово, каде што им биле констатирани повредите.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид на местото на несреќата од страна на увидна екипа од СВР Тетово.