УДРИЛ ВО ЗАШТИТНАТА ОГРАДА И ПОЧИНАЛ Загина 54-годишен возач на камион кај Демир Капија.
Полицијата го истражува влијанието на можни услови како маглата и намалената видливост, кои можеби имале улога во несреќата. Понатамошните детали ќе се утврдуваат со обдукцијата и анализата на местото на настанот“, велат од полицијата.
54-годишен возач од село Инџиково, скопско, загинал на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, кога неговото товарно возило „Ман“ со приколка удрило во заштитна ограда. Несреќата се случила на вчера во 18:40 часот, а лекар од Итна медицинска помош на местото на настанот констатирал смрт
„Сообраќајната несреќа во која животот го загубил возачот е предмет на истрага. Засега, првичните информации укажуваат дека возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда. Полицијата го истражува влијанието на можни услови како маглата и намалената видливост, кои можеби имале улога во несреќата. Понатамошните детали ќе се утврдуваат со обдукцијата и анализата на местото на настанот“, велат од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а полицијата продолжува со истрагата.