УДРИЛ ВО ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА НА ТРОТИНЕТ И ИЗБЕГАЛ Две малолетнички завршија во болница, возачот во бегство

МВР трага по возачот кој ја напуштил местопрона несреќата, додека двете девојчиња со тешки и полесни повреди се згрижени во болница.

1,783

Тринаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено, а нејзината 12-годишна сопатничка добила телесни повреди, откако вчера на улицата Васил Ѓорѓов во Скопје во нив удрило патничко возило „Фолксваген голф“. Несреќата се случила околу 14:30 часот, а возачот веднаш по ударот го напуштил местото на настанот.

Од полицијата информираат дека малолетничките биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди кај 13-годишното девојче кое го управувало електричниот тротинет и полесни повреди кај нејзината 12-годишна сопатничка.






„Извршен е увид на местото на несреќата од страна на увидна екипа на СВР Скопје. Распишана е телеграма и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото, како и за целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Поврзани содржини