УДРИЛ 74-ГОДИШЕН ПЕШАК ВО ТЕТОВО И ПОБЕГНАЛ Тешко повреден државјанин на Албанија, полицијата го бара возачот
74-годишен пешак од Албанија заврши со тешки телесни повреди во Тетово, откако во него удри автомобил, а возачот побегна од местото на несреќата.
74-годишен пешак од Албанија вчера бил тешко повреден во сообраќајна несреќа во центарот на Тетово, откако во него удрило патничко возило, а возачот веднаш по инцидентот избегал од местото.
Несреќата се случила на улицата Његошева околу 13:50 часот, кога автомобил удрил во пешакот Х.Г. (74) од Република Албанија. Повредениот со сериозни повреди бил пренесен во тетовската Клиничка болница, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а како што информираат од СВР Тетово, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот кој го напуштил местото на настанот.