УДРЕНА ОД ТРОТИНЕТ И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА Скопјанка тешко повредена, возачот избегал
55-годишна жена е тешко повредена во Скопје откако била удрена од тротинет, а возачот го напуштил местото на несреќата.
Педесет и петгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако била удрена од тротинет на булеварот Партизански одреди, а возачот го напуштил местото на несреќата.
Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен вчера околу 16 часот. Дваесет и двегодишен државјанин на Турција, управувајќи тротинет, удрил во 55-годишната скопјанка, по што избегал.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Св. Наум Охридски.
Од СВР Скопје информираат дека бил извршен увид и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.