Актерката Џуди Денч стана најстарата ѕвезда на британскиот моден магазин „Вог“, со тоа што позираше на насловната страница на тој весник на 85 години.
Со Оскар наградената актерка е фотографирана непосредно пред печатењето на јуниското издание на магазинот, а последователното интервју ги опишува нејзините искуства во самоизолација.
– Сигурнa сум дека се чувствувам како i сите други, овие невидени времиња се мошне тешки да се разберат. Она што е добра работа е тоа што луѓето сега стануваат повеќе свесни за невољите на другите кои се сосема сами. Ако излезе многу добро од тоа, тоа ќе биде плус – рекла актерката.
Џуди инаку стана особено активна и популарна на социјалните мрежи во текот на актуелната пандемија.
Видеото објавено на Твитер, каде Џуди носи модерна капа со кучешки уши и вели: „Само смејте се. Тоа е сè што можеме да направиме“, е прегледано 5,4 милиони пати.
Џуди за „Вог“ беше фотографирана во цветна кошула на модната марка „Долче Габана“.
Инаку, уредништвото на априлскиот број на италијански „Вог“, во склад со околностите и пандемијата на коронавирусот, одлучи тој број да има симболична насловна страница – тогаш беше објавена насловна сам во бела боја.