УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ Повторно бесплатно пливање за првачињата и децата со попреченост

И оваа година, учениците од прво одделение и дечињата со попреченост имаат можност да ги совладаат техниките и стиловите на пливањето и тоа целосно бесплатно, овозможено со средства од Општина Аеродром. Како дел од проектот, учениците добиваат часови од стручни лица, како и целосна опрема за пливање, вели Муцунски.

132

Втора година по ред општина Аеродром обезбедува часови за бедплатно пливање за учениците од прво одделение и децата со попреченост, соопшти градоначалникот на таа општина, Тимчо Муцунски.

– Инклузивноста и здравиот начин на живот се важни за нас во Аеродром, а задоволството на родителите и радоста на дечињата се доволна потврда дека со проектот „Учиме да пливаме“ ги рушиме стереотипите на административното работење и грижата за најмладите ја ставаме високо во нашите приоритети. И оваа година, учениците од прво одделение и дечињата со попреченост имаат можност да ги совладаат техниките и стиловите на пливањето и тоа целосно бесплатно, овозможено со средства од Општина Аеродром. Како дел од проектот, учениците добиваат часови од стручни лица, како и целосна опрема за пливање – вели Муцунски.






Најави дека и во иднина Аеродром ќе обезбедува пари за спортот.

– Пливањето овозможува тренинг за развој на целото тело и го активира умот, а преку конкретниот проект, освен физичкиот развој, успеваме дечињата за момент да ги оттргнеме од секојдневните обврски и дигиталната технологија, стекнувајќи нови спортски и моторички вештини. Поддршката за спортот и здравиот живот продолжува и понатаму, со проекти и активности во различни спортски дисциплини – вели градоначалникот.

Поврзани содржини