УЧИЛИШТЕТО ВО ОГЊАНЦИ ДОБИ МОДЕРНА СПОРТСКА САЛА Од септември учениците ќе вежбаат во неа

Средствата во висина од 19 милиони денари за изградба на салата се обезбедени преку буџетот на Општина Петровец и преку Министерството за образование и наука.

43

До крајот на август целосно ќе биде завршена изградбата на спортската сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, Општина Петровец.

– Учениците од Огњанци новата учебна година ќе ја започнат во нова, современа спортска сала. Средствата во висина од 19 милиони денари се обезбедени преку буџетот на Општина Петровец и преку Министерството за образование и наука – изјави градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.






Министерката за образование и наука Весна Јаневска нагласи дека Владата вложува во инфраструктурата на образовниот систем, со фокус на физичката активност на учениците.

– Физичката активност е од исклучително значење за концентрацијата и успехот на учениците. Продолжуваме со инвестиции во спортски сали, енергетски ефикасни објекти и фотоволтаични панели – рече Јаневска.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на увидот во градежните активности, истакна дека проектите се дел од заложбата на Владата за подобрување на квалитетот на животот.

– Добро е кога се гради, кога се развива. Силно верувам дека ќе продолжиме во оваа насока, заедно со градоначалниците кои ја имаат довербата на граѓаните – рече Мицкоски.

По увидот во Огњанци, делегацијата се упати во Ржаничино, каде се работи на изградба на три улици. Проектот е вреден 350.000 евра, финансиран од Министерството за транспорт.

Последната точка на посетата беше Катлановска Бања, каде се врши асфалтирање на локалниот пат до Градманци во должина од 2.400 метри. Средствата во висина од 200.000 евра се обезбедени преку Владата на РСМ од унгарскиот кредит.

Поврзани содржини