Училиштата ќе имаат лице за контакт со центрите за јавно здравје
Владата на денешната седница го одобри алгоритмот за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на ковид-19.
Училиштата ќе треба да определат одговорно лице за контакт со надлежните Центри за јавно здравје, одлучи денеска Владата.
Одлуката, како што соопштија од владината прес-служба, е донесена врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.
Истовремено владата го одобри алгоритмот за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на ковид-19.
„За спроведување на постапките дадени во алгоритмот потребно е во секое училиште да се определи назначено одговорно лице за контакт со надлежниот Центар за јавно здравје“, стои во соопштението.