УЧИ ЗА ДА НЕ СЕ МАЧИШ Хрватскиот винар Корак дипломирал, магистрирал, а потоа се вратил на дедовото лозје

Главата на една од најдобрите бутик винарии во Хрватска, господин Велимир Корак пораснал на семејните лозја на кои работеле неговиот татко, дедо и дедото на неговиот дедо, но во време на поранешната СФРЈ кога родителите велеа: „учи за да не се мачиш“, тој дипломирал, магистрирал и се вработил како агроном. По 10 години решил да се „мачи“ и да ја продолжи традицијата на своите предци

77

Кога имате добар водич и познавач, тогаш сигурно ќе ги најдете и вистинските соговорници и најдобрите во својата бранша. Така и ние, со помош на еден од најдобрите во својата бранша, агрономот Ивица Луетиќ кој е во оваа професија доволно долго за да ги познава сите кои сериозно се занимаваат со производство на храна и вино во Хрватска, се најдовме во една од најдобрите винарии, винаријата „Корак“.

Прво што забележавме беше интересното совпаѓање на името, односно презимето на овие познати винари во Хрватска со она на нашата винарија „Чекоров“. И така, „чекор по корак“, збор по збор, нашиот љубезен домаќин Велимир Корак ни ја раскажа нивната навистина убава и успешна семејна приказна. Онаа за винарството како дејност која постои во семејството веќе со генерации, но и онаа поновата, за нивниот фајн дајнинг ресторан отворен лани, токму на време за коронавирусот.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини
na