📽️ „УЧЕСТВУВАЛ И БРАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ“ Масовна тепачка се случила во Крива Паланка, вели пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Тепачката ја предизвикал и во неа учествувал и братот на градоначалникот, напиша на Фејсбук пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски објави видео од масовна тепачка за која тврди дека се случила во 1 часот по полноќ пред кафе бар во Крива Паланка.
Според него, сопственик на барот е градоначалникот на општината, Сашко Митовски и како што тврди Петрушевски, тепачката ја предизвикал и во неа учествувал братот на градоначалникот. Пратеникот тврди дека во тепачката имало и учесници кои завршиле со тешки телесни повреди.
„Пред кафе барот „Селект“ во Крива Паланка, кој е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски, околу 1 часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани. Тепачката ја предизвикал и во неа учествувал и братот на градоначалникот“, напиша Петрушевски на фејсбук и додава:
„Крива Паланка е запоседната од насилниците и криминалците на Николовски и Спасовски“.