Учесниците на „Викендот на гордоста“ ќе говорат за суровиот оптимизам

Седумдневната програма , од 2 до 8 септември, што ќе се одржи на локации.

291

На Скопје по осми пат ќе му се случи „ Викенд на гордоста“. Седумдневната програма , од 2 до 8 септември, што ќе се одржи на локации, во Музејот на современа уметност, во Комитет, Shortbus, но и онлајн, вклучува изложби, перформанси, предавања, промоциja на книгa, танцовa изведбa, драг шоу и ди-џеј сет, за крај.

– Низ програмата се дава повеќеслојна критика на бинардниот родов систем, хетеронормативноста и националистичката хомофобија и на пресечените точки на угнетувачите, дисциплинирачки режим на моќ, со класата, со етничката припадност, раста и здравјето – вели кураторот Славчо Димитров.






Мотото на годинашното издание на „ Скопје викенд на гордоста“, е „ Суров оптимизам“ и е позајмено од истоимената книга на Лорен Берлан, професорка на Универзитетот во Чикаго и една од најистакнатите теоретичарки на современата култура. Во истоимената публикација од 2011, Берлан се осврнува на неостварените желби и потреби за добар живот на поединецот, во услови на неолиберален капитализам. Таа ќе учествува на фестивалот преку онлајн предавање на истата тема, што ќе се одржи на 6 септември.

Стартот на фестивалот е во МСУ, со отворање на групна изложба, насловена „ Скршено“, која ќе биде достапна за јавноста до 21 септемри. Изложбата низ разни медиуми ги одразува емоциите и размислувањата на уметниците од ЛГБТ заедницата, нејзините активисти и подржувачи, мотивирани од стварноста во која жиееме.

– „Скршено“, дека сме скршени на фундаментален и специфичен нацин и дека токму таа скршеност нуди можност за алтернативни политички хоризонти, подолнува Димитров.

За прв пат кај нас, но и во регионални рамки, ќе биде изложено дело од Феликс Гонзалес Торес, американски уметник со кубанско потекло, кој живеел и творел како деклариран хомосексуалец, а преку минијатурните инсталации, скулптури и билборди, дал уникатен, активистички и интимистички печат во современата уметност. Инсталацијата од Гонзалес Торес „ Без наслов“, од 1989/90 год, ќе биде поставена како концептуална позадина на изложбата „ Скршено“, со што ќе биде оддадено признание на неговото влијание во уметноста и квир културата. Во рамките на отворањето ќе биде изведен и перформансот со инсталација „ Месесто“, на италијанската уметница со берлинска адреса, Федерика Даури, а учествуваат и Полин Бодри и Ренате Лоренц, кои беа дел од 58 ликовно биенале во Венеција, низ постака во павиљонот на Швајцарија. Главнината на странските уметници на изложбата, е со потекло или престој во Германија, САД и Канада, а од Македонија, со свои дела, настапуваат Христина Иваноска и Велимир Жерновски. Таа со творби од керамика, а тој со инсталација и видео.

До крајот на „ Скопје викенд на гордоста “, меѓу останатите содржини, е промоцијата на новиот роман на Петар Андоновски, „ Лето во кое те нема“, првата самостојна изложба на Јован Јосифовски и современото танцово дело „ Dragon aka Pony“, во кое ќе настапат Александар Ѓеоргиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас.

Зад организацијата на фестивалот стојат ЛГБТ Центарот за подршка и Коалицијата „ Маргини“, од каде најавуваат дека сите настани во живо ќе се одржат според препорачаните протоколи за заштита од ковид-19.

Поврзани содржини