УЧЕНИК РАЗВИОРИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВО ВЕЛЕШКО УЧИЛИШТЕ Полицијата разговараше со малолетникот, ќе следи пријава

Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено - информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

640

Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“, Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

– Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено – информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.






По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави Ѓаковска.

Поврзани содржини