УЧЕНИК ПУКАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД Убиен е чуварот, а има и повредени
Српските медиуми објавија дека ученик од седмо одделение дошол на училиште вооружен и го застрелал чуварот.
Момче (14) пукало во училиштето „Владислав Рибникар“ во градската општина Врачар во Белград и го убило чуварот. Неколку ученици се повредени, објавија српските медиуми.
Станува збор за ученик од тоа училиште, кој е седмо одделение, и дошол во училиштето вооружен со пиштол и почнал да пука, сето тоа траело околу пет минути.
Ученикот е уапсен, а полицијата го потврди настанот.
На местото на настанот се испратени три екипи на Брза помош, а во училиштето има голем број полицајци, обвинителите и граѓани.