УЧЕНИК ИСКРШИЛ ИНВЕНТАР, ВРАБОТЕНИ Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ДИРЕКТОРКА Полицијата имала полни раце работа вчера и ноќеска

Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда.

3,599

Полицијата вчера и ноќеска имала доста работа ако се суди според настаните регистрирани во денешниот билтен. Пренесуваме дел од инцидентите што се случиле вчера и во текот на ноќта.

Вчера, 6 септември во 22.40 часот во СВР Куманово, маж од кумановско село пријавил дека на 05.09.2024 околу 21.30 часот во Куманово Г.„Н“ од Скопје извршил обљуба врз неговата 16-годишна ќерка.






На 06.09.2024 во 13.30 во СВР Скопје, Ф.Д. (80) од Скопје пријавила дека во 11.55 часот во влез на станбена зграда на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело паричник, во кој имало пари и лични документи.

На 06.09.2024 околу 19.20 часот патничко моторно возило „волво“ со српски регистерски таблички во близина на наплатната станица Романовце, во правец кон Куманово, не застанало на даден знак од полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции и се дало во бегство, по што на клучката Куманово возилото излетало од патот.

Возачот се оддалечил од местото на настанот, а во возилото се пронајдени двајца малолетни мигранти од Сирија. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (07.09.2024) во 02.00 часот во СВР Куманово, Д.П.(24) од Куманово, пријавил дека на 03.09.2024 околу 16.50 часот додека бил на своето работно место, пред угостителски објект во Куманово, бил физички нападнат од Б.Ј.(36) , М.В. и Ф.„Н“., а потоа пријавителот со тврд предмет го нападнал Б.Ј. Исто така, Б.Ј.(36) од Куманово пријавил дека додека извршувал службени дејствија со свои колеги, вработени во агенција за обезбедување, тој и негов колега биле физички нападнати со тврди предмети од неколку лица меѓу кои бил и Д.П.(24) од Куманово.

Денеска (07.09.2024) во СВР Скопје, М.К.(66) од Скопје пријавила дека околу 05.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело ранец со паричник со лични документи, пари и други лични предмети.

На 06.09.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(40) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот во службена просторија од основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари каде ги вршела нејзините работни задачи како директор, тројца вработени, по претходна расправија околу прераспоредување, упатувале закани кон неа и кон нејзиното семејство.

Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда.

На 06.09.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Варвара, Скопско настанал пожар во викендица, во сопственост на В.М.(72) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот. Известен бил јавен обвинител за малолетници.

Денеска (07.09.2024) во 02.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Б.К.(33) од Велика Британија, со престој во Германија, поради тоа што спречувал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини