УЧЕНИЦИТЕ ЗАСТАНАА ВО ОДБРАНА НА ПРОФЕСОРОТ ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ЗАГРЕБ Проблематичниот ученик го исмевал професорот и неговата сопруга која починала пред неколку месеци

Ученикот што се степа е провокатор, тој ги навредуваше професорот и неговата сопруга, спомна дека е четник, а сопругата  на професорот и тројцата браќа му починаа пред неколку месеци и тоа го правеше често, не само на тој час, туку и пртходно на неколку негови часови - велат ученици од загрепското Машинско техничко училиште во кое дојде до физичка пресметка меѓу професор и ученик.

1,331

Дел од учениците во Машинското техничко училиште на Фран Бошњаковиќ во Загреб по инцидентот во кој дојде до физичка пресметка меѓу професор и ученик кој го провоцира, застанаа во одбрана на професорот. Тие за ТВ Нова велат дека ученикот од видеото често го провоцирал професорот кој, како што велат, не е виновен за тепачката.

– Тој ученик е провокатор сам по себе, сака да се исмејува со професорот и на професорот му дојде преку глава, иако мислам дека повеќе е крив ученикот отколку професорот затоа што нема што да провоцира и да му кажува на професорот – рече еден од учениците во загрепското училиште.






– Тој ученик ги навредуваше него и неговата сопруга, спомна дека е четник, а сопругата  на професорот и тројцата браќа му починаа пред неколку месеци, а тоа го правеше често, не само на тој час, туку и пртходно на неколку негови часови. Долго го правеше тоа и провоцираше, не знам зошто. Можеби гледа некое свое задоволство – додава друг ученик.

Се пишуваат и кажуваат секакви работи, велат учениците. Токму тоа е причината поради која решиле да го поддржат професорот.

– Добар како професор и добар како човек, се гледа дека не пукна – вели еден од учениците кој потврдува и дека никој од учениците немал проблем со професорот.

Деновиве се појави видео од Машинското техничко училиште на Фран Бошњаковиќ во Загреб, на кое се гледа физичка пресметка меѓу професор и ученик. На видеото се гледа како на час ученик со мобилен телефон во рацете доаѓа до професорот кој седи на неговото биро и му приоѓа многу блиску. Професорот се обидува да го оддалечи од него и го оттурнува, а сѐ резултира со меѓусебно поттурнување пред таблата, а потоа и физички конфликт.

Професорот по инцидентот бил уапсен и изречен му е едномесечен притвор. Дополнително, директорката на училиштето најави дека професорот кој е на 61-годишна возраст, ќе добие отказ. Додека за учениците не се изречени никакви санкции.

А ДАЛИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБА И ЌЕ ИМА УКОР? Наставникот кој се степа во училиште во Загреб ќе одговара за три кривични дела

Поврзани содржини