УЧЕНИЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ЌЕ УЧАТ ОНЛАЈН Тие што ќе останат во школо ќе се тестираат еднаш неделно

Онлајн-наставата ќе трае до 28 јануари. После тоа сите ученици и наставници ќе одат на одмор. Наставата ќе продолжи на 7 февруари, во зависност од инструкциите на здравствените власти на Бугарија.

464

Најголемиот дел од учениците од 5 до 12 одделение во Софија, Бургас и во Благоевград од денеска ќе учат онлајн, по барање на здравствените инспекторати. Ова нема да важи за учениците од прво до четврто одделение кои ќе мораат физички да бидат присутни во училниците, бидејќи тогаш се градат навиките за учење, сопштија од бугарското Министерство за образование.

Учениците од 5, 6, 8, 9 и 11 одделение во Софија и Бургас ќе учат онлајн. За останатите, 7, 10 и 12 одделение претстојат важни испити по републичко екстерно оценување и матура. Сепак, за тие да останат во училиште ќе треба да приложат „зелен сертификат“ или да се тестираат за коронавирус еднаш неделно.






Онлајн-наставата ќе трае до 28 јануари. После тоа сите ученици и наставници ќе одат на одмор. Наставата ќе продолжи на 7 февруари, во зависност од инструкциите на здравствените власти на Бугарија.

Во моментов, бројот на болни ученици во Софија од ковид-19 е 3,09 отсто, што е речиси двојно повеќе од просекот во Бугарија од 1,71 отсто. Болните наставници во Бугарија се 5,68 отсто наспроти просекот од 4,4 отсто

Поврзани содржини