УЧЕНИЦИТЕ ДОБИВААТ ПРОДОЛЖЕН РАСПУСТ? Епидемиолозите ќе одлучуваат непосредно пред почетокот на второто полугодие
Одлуката за евентуално продолжување на зимскиот распуст на учениците ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата, соопшти Министерството за здравство.
Комисијата за заразни болести денеска ја разгледуваше можноста за промена на почетокот на второто полугодие, но конечната одлука ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, согледувајќи ја епидемиолошката состојба во државата, информираше Министерството за здравство.
Епидемиолозите ја разгледувале и можноста за скратување на времето поминато во изолација за лицата кои се позитивни на коронавирусот, но се асимптоматски случаи.
„Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог-мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. Се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни на коронавирусот, а кои се асимптоматски случаи. За овој предлог, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следува во наредните денови. Исто така, разгледана беше и евентуалната моќност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, а одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука“, наведено е во соопштението.