УЧЕНИЦИ ОД ОУ„ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ СЕ ЖАЛАТ НА СТОМАЧНИ БОЛКИ Инспектори влегоа во кујната на фирмата што ја подготвува храната

Инспекторите времено ја затворија училишната кујна додека се утврдува изворот на евентуално труење со храна.

1

Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ Димо Хаџи Димов, откако утрово поголем број на ученици се пожалите на стомачни болки.

Раководството на училиштето утрово побарало реакција од двете државни институции.






Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, училишната кујна е времено затворена додека се утврдува изворот на евентуално труење со храна.

„Согласно  Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и земени ќе бидат мостри од инкриминирана храна, работни површини и прибор и машини за лабораториско тестирање. По спроведената контрола, јавноста ќе биде информирана за спроведените активности и изречените мерки“, се наведува во соопштението од АХВ.

Поврзани содржини