Ученици и родители протестираат пред медицинското училиште, не сакаат приемен испит ВИДЕО
Во изјава за ТВ21 еден од родителите на протестот предлага отворање на уште една паралелка на албански јазик за да нема тестирање.
Родители и ученици денеска излегоа на протест пред средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје со цел да се спротивстават на одлуката за полагање приемен испит, поради тоа што во ова училште се пријавиле повеќе кандидати.
Во изјава за ТВ21 еден од родителите на протестот предлага отворање на уште една паралелка на албански јазик за да нема тестирање.
Учениците, пак, велат дека освен тоа што немале време да го повторат материјалот, сега се ставаат и во ризик од зараза со коронавирусот. Тие велат дека ги исполнуваат условите, сите се со петки и немало потреба да се тестираат.