Учебната година нема да почне на 1 септември

1,162

Пролонгирање на почетокот на учебната година најмалку до средината на септември, најави заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска во интервју за Сител.

– Рокот за почеток на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е толку страшно, бидејќи гледаме дека во Хрватска школската година почнува од 7 септември. Во очекување сме Собранието по формирањето на Владата како приоритет да го земе изгласувањето на законските измени, за да може од средината на септември да почне и новата учебна година“, изјави Наумовска.






Според неа главен проблем е тоа што треба да се измени Законот за образование. Со овие измени ќе се овозможи воведување настава од далечина и намалување на училишните часови на 30 минути за учениците до трето одделение, за кои се предлага да учат во училиште, додека останатите ќе следат онлајн настава.

Поврзани содржини