Учебната година ќе почне на 1 октомври

Министерството за образование и наука во меѓувреме треба да го промени календарот за учебната 2020/2021 година.

763

Новата учебна година наместо на 1 септември ќе почне на 1 октомври, а Министерството за образование и наука ќе треба да го промени календарот за учебната 2020/2021 година, одлучила денеска владата.

Како што соопшти владината прес-служба денеска владата ги усвои протоколите за постапување на основните училишта и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.






Владата донела и одлука за формирање на работна група која ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на ковид-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното.

Во работната група ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата.

Во рамките на заклучоците по оваа точка, Владата го задолжила Министерството за образование и наука да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1-ви септември да започне на 1-ви октомври 2020 година.

Поврзани содржини