Полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.