УЦЕНУВАЛ СО КОМПРОМИТИРАЧКИ ФОТОГРАФИИ Приведени две лица во Тетово за изнудување пари

Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., такси возач.

697

Во тетовска Мала Речица вчера вечерта полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Д.(33) од с. Голема Речица, тетовско и Ј.А.(60) од с. Пирок, тетовско, информира МВР.

Било утврдено дека од средината на јануари 2023, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.






Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., такси возач. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему.

Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите. З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини