УЦЕНУВАЛ ДЕДО СО КОМПРОМИТИРАЧКО ВИДЕО И МУ ЗЕЛ 9.000 ЕВРА Арачиновец заврши во притвор

Против пријавениот од страна на СВР Скопје – Единица за насилен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, каде од страна на Основен суд Скопје му е одредена мерка притвор - велат од МВР.

945

Полицијата привела арачиновец кој уценувал дедо со компромитирачко видео и успеал да му изнуди околу 9.000 евра.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за  општ и насилен криминал, СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции лишен е од слобода В.В.(40) од село Арачиново, скопско. По претходно добиена судска наредба и преземени мерки и активности бил извршен претрес кај осомничениот, поради постоење основано сомнение за кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по чл.259, велат од МВР.






-Пријавениот подолг временски период го уценувал оштетениот И.И.(73) од Скопје со видео материјали со компромитирачка содржина, при што во неколку наврати успеал да му изнуди околу 9.000 евра. Против пријавениот од страна на СВР Скопје – Единица за насилен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, каде од страна на Основен суд Скопје му е одредена мерка притвор – велат од МВР.

 

Поврзани содржини