УЦЕНА СО ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТКИ ВО ТЕТОВО, 800 ЕВРА НЕ БИЛЕ ДОВОЛНИ Мајка го пријавила љубовникот на ќерка ѝ
Мајката во два наврати, му дала пари на 20-годишниот Р.Р., вкупно 800 евра, но тој продолжил со уцените, се вели во полицискиот билтен.
Љубовна врска меѓу малолетничка и 20-годишен тетовец прераснала во уцена со експлицитни фотографии.
Тетовската полиција на 7 јули, кон 14 часот го привела Р.Р. (20) под сомнение дека подолг период барал пари од девојката со која бил во врска три години. Според пријавата поднесена од нејзината мајка, младиот маж неколку пати оваа година ѝ се заканувал дека ќе објави интимни фотографии на социјалните мрежи, доколку не му даде пари.
Мајката во два наврати, му дала пари, вкупно 800 евра, но тој продолжил со уцените.
„Девојката и нејзината мајка пријавија дека биле уценувани, а уценувачот барал пари во замена за нераспространување на експлицитен материјал“, се вели во полицискит билтен.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 20-годишникот е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од Кривичниот законик.